| |

Тромадол- тајната врска меѓу италијанската мафија и Исламска држава

Секој знае дека во аптеките со правилниот рецепт може да се најдат многу лекови, кои се многу потешки дроги од тие што ги продаваат дилерите на улица. Разликата е во тоа што аптеките вршат многу посериозна контрола. Една од овие дроги е тромадолот – моќен лек против болка, кој при неправилна употреба може да доведе до тешка зависност.

Тоа е омилената дрога на борците од ИСИС, а истата според финансиската полиција на Италија се испорачува во Блискиот Исток и Северна Африка од калабриската мафија Ндрагета.

Само минатата година властите во земјата заплениле речиси 100 милиони таблети тромадол наменети за “Исламска држава” во Либија.

Веднаш откако ќе пристигнат во Либија, дел од апчињата се користат за стимулирање на борците на групата таму, дел се пренесуваат во Египет и Сирија, а трет дел се продаваат на борците од “Боко Харам” во Нигерија. Ова го покажува истрагата на Марта Сарафини за италијанскиот весник Corriere della Sera.  “Апчињата што ќе останат непродадени заминуваат за појасот Газа, проститутките во Аман и децата на работниците во источна Турција. Ова е дрогата за секој кој сака да избега од несреќата и мизеријата”, раскажува таа.

Во Европа и Северна Африка, ширењето на апчињата кои на улица чинат, околу 5 долари за парче, брзо се претвори во еден од најуспешните бизниси на калабрискиот криминален синдикат Ндрангета.

Гаетано Пацини, обвинител од спеицалното обвинителство во Калабрија, ги потврди врските за шверц на дрога меѓу смртоносната калабриска мафија и терористичките организации во Африка и Блискиот исток.

Италијанската агенција за борба против дрогата информира дека 80% од целиот кокаин во Европа доаѓа од Колумбија преку пристаништето во Калабрија, што е и главниот центар за увоз и извоз на нелегално оружје. Значи, не е ни чудо што од оваа точка трамадолот оди кај ИСИС.

Пристаништето Gioa Tauro сега е главната точка за дистрибуција на овој тип дрога. Според властите во Италија тромадолот доаѓа од фабриките за апчиња во Индија и Шри Ланка, во Калабрија, а оттаму тргнува по свој пат. Според Пацини, вредноста на 24 милиони апчиња пронајдени во пристаништето во ноември лесно може да достигне вкупна вредност од 50 милиони евра.

Слични пратки биле откриени и на пристаниште во Грција во 2016 година 37 милиони апчиња биле скриени меѓу шишиња шампон, сите наменети за Либија.

Лековите често се користат од страна на бомбаши самоубијци за да им дадат храброст. Тромадол е откриен во организмот на напаѓачите од атентатот во париската сала “Батаклан” во 2013-та, како и во сторителите на нападот на плажа во Тунис во 2015 година.

Кога тромадолот ќе се измеша со кофеин, го има истиот ефект како моќен амфетамин – го брише стравот, болката и заморот и ги менува чувствата. Пацини е загрижен дека неодамнешното зголемување на обемот апчиња кои доаѓаат од Калабрија, може да значи дека борците на ISIS се подготвуваат за нови терористички напади или испорачуваат за други групи како “Боко Харам” во Нигерија.

 

Слични Објави