Ердоган се сретна со папата Франциск

//

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се сретна со папата Франциск во Ватикан за да разговара со него во однос на прашањето за Ерусалим и можните последици од одлуката на претседателот Доналд Трамп да го признае светиот град за главен град на Израел, соопшти Ројтерс.

И двајцата изразија загриженост од одлуката што според многу сојузници на САД може да ги осуди на неуспех мировните преговори на Блискиот Исток. Ердоган и папата ќе разговараат за Сирија, Ирак, хуманитарна помош и бегалците.

Ватикан поддржува решение од две држави за палестинско-израелскиот конфликт како двете страни треба да се договорат за статусот на Ерусалим, како дел од мировниот процес. Палестинците сакаат источен Ерусалим да стане главен град на нивната идна независна држава, додека Израел го објави целиот град за своја “обединета и вечна престолнина”.



Пред да отпатува од Турција Ердоган изјави дека САД се изолирале по прашањето за Ерусалим. Демонстрации против Ердоган за човековите права и ситуацијата со турските Курди се планирани за подоцна денеска во Рим. Околу 3500 полицајци ќе го чуваат редот.

Претходна статија

Тромадол- тајната врска меѓу италијанската мафија и Исламска држава

Следна статија

Да му помогнеме на малиот Иле од Демир Капија

Најново од Вести