| |

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРСТВОТО – НОВИ 20 ПОЖАРНИКАРИ

Во противпожарната станица во Автокоманда денеска беше одбележан 20 Мај – Денот на пожарникарството. Свеченоста почна со постројување на скопските пожарникари, а командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, на градоначалникот Петре Шилегов му поднесе рапорт. Шилегов, во свое лично име и во името на граѓаните на Скопје им се заблагодари на пожарникарите за посветеноста и пожртвуваноста што ја покажуваат вршејќи ја оваа благородна професија. (Повеќе)

Слични Објави