НА ХАОСОТ МУ ДОАЃА КРАЈОТ!
Ајде, нема да речам дека образованието и здравството капитулирале. Да пробаме на „дипломатски“ начин, колку и да звучи лицемерно и смешно. Сè уште нема да ги прогласиме за капитулирани, иако мозокот ми вели нешто друго. Нејсе.
Ама, пак, дека здравството и образованието едвај се држат на нозе и се ризик за нашата сегашност и иднина, а уште повеќе за нашите деца, тоа е сигурно. Освен тоа е и алармантно и ургентно!
Само што започна новата учебна година, а училиштата се преполни со хаос, дискриминација и незнаење. И нема зошто да се чудиме од каде доаѓа сето тоа. Секако дека е последица на непромислената, корумпирана и грда политика на вработување.
Проблемот започнува уште при дипломирањето на партиските кадри. Да не речам дека уште пред да дипломираат, тие знаат каков ќе биде патот на „славата“. Па така, си добиваме учители и наставни кадри што шират незнаење, граматичари кои не го знаат местото на интерпункциските знаци, а камоли, пак, нешто друго, историчари, филозофи и математичари чија најголема активност е „гуглањето“ на непознатите поими и дефиниции, и што ли уште не.
Мојата професија е лекар и, секако, со должна почит и внимание барам помош редовите на моите колумни и анализи да ги помине професионалното око на уредникот и лекторот. Но, јас не си дозволувам и не смеам да грешам во неврологијата, она за што сум учел сиот живот. Замислете, доаѓате кај мене на преглед, а јас од какви било причини ви ги мешам медицинските термини додека ви ја соопштувам дијагнозата… За мене, за вас, за секого, тоа би било АПСОЛУТНА КАТАСТРОФА! Немам посоодветен збор.
(ЦЕЛАТА КОЛУМНА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА WWW.CIVILMEDIA.MK)
Автор: д-р Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар

