|

ДИМИТРОВ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ФРАНЦИЈА

Денеска и утре, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров ќе престојува во работна посета на Француската Република.

За време на посетата, Министерот ќе се сретне со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи, задолжена за европски прашања, како и други средби од политичкиот и јавен живот на Франција.

Покрај прашањата за актуелните состојби и перспективите за натамошен развој на севкупните билатерални односи, високо на агендата ќе бидат интеграцијата и перспективите на Република Северна Македонија во пресрет на Советот на ЕУ, како и историскиот чин на зачленувањето на Македонија во НАТО.

Во рамките на посетата, Димитров ќе присуствува и на свечениот прием во Амбасадата на Република Македонија по повод одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември.



Слични Објави