| |

Стармер: Велика Британија и Франција работат на план за мир во Украина, ќе им го претстават на САД

Велика Британија и Франција ќе соработуваат со Украина на план за прекин на борбите со Русија, кој подоцна ќе им биде претставен на САД. Ова го изјави британскиот премиер Кир Стармер за Би-Би-Си, пренесува БГНЕС.

„Велика Британија, заедно со Франција и можеби една или две други земји, ќе соработуваат со Украина на план за прекин на борбите, а потоа ќе разговараме за тој план со САД“, рече Стармер.

Стармер е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски и неколку европски лидери на самит за конфликтот, чијшто значење е огромно по судирот меѓу Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп.

Британскиот премиер рече дека „никој не сака да ги види“ сцените од судирот на двајцата лидери во Белата куќа и дека „категоричен сум дека тој (Трамп) навистина сака траен мир“.

Слични Објави