| | |

(Галерија) Тодоровден во село Крупник, општина Симитли, Бугарија

Екипа на светската информативна агенциja Ројтерс го посети и информираше за одбележувањето на празникот Тодоровден во местото Беглико кај селото Крупник во Бугарија. Екипата на една од најголемите информативни агенции во светски рамки, ја одрази долгогодишната традиција поврзана со Тодоровден во општина Симитли, јавува локалниот информативен портал Симитли.инфо.

Десетици расни коњи учествуваа во традиционалната трка со коњи, со која се одбележува овој голем христијански празник. Празникот е организиран од Општина Симитли и од кметството од село Крупник и кметството од село Полена. Водосвет отслужија свештениците Отец Бисер и Отец Велизар.

Во коњската трка првото место го доби Петар Трајанов , второто место му припадна на Стефан Кидиков, а на трето место се пласираше Андреј Василев. Наградата за најубав коњ му припадна на Борислав Борисов. Пехарите на првопласираните ги врачи Александар Равначки кмет на село Крупник.

Покрај трките со коњи беше спроведен и натпревар во влечење товар каде за првите три места се изборија Крум Георгиев , Борислав Борисов и Петар Трајанов.

На денешниот празник беа присутни градоначлникот на Општина Симитли Апостол Апостолов , пратеникот во бугарскиот Парламент Стефан Апостолов, и кметовите на населените места Крупник-Александар Равначки, Полена- Веселин Топузов, Брежани-Петјо Борисов и Ракитна- Стефан Костов. Дел од празникот беа и општински советници од село Крупник.

Во крајот на месецот ќе бидат организирани уште трки со коњи и натпревари за најубав коњ со гости од цела Бугарија.

Галерија од празникот кај селото Крупник, можете да погледнете на следниот линк.



Слични Објави