|

Ах Николче, ах Матејче, секој ден ме испраќаше со зборовите „Убав викенд наставничке“, токму овој беше најлошиот: Наставничката се прости од нејзините ученици кои загинаа во пожарот во Кочани

Со емотивна објава на Фејсбук сеНаставничката Елена Накова од Злетово со емотивна објава на Фејсбук се прости од нејзините ученици Никола и Матеј, кои вчера загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани.

Таа напиша:

-Драги деца, не можам да поверувам на сопстветните очи и уши дека повеќе ве нема, не можам да го заборавам моментот кога бевте IX В одделение, кога бев ваша наставничка, моментот кога седевте во иста клупа. Николче, мило дете со твојата мила насмевка и посветеност секогаш ме воодушевуваше, од вчера ми звони во ушите твојата рецитација на песната „Која ја љубев Дениција“, која ја вежбавме за една училишна активност. Ах ах ах , Матејче уште во понеделник па последователно секој ден на излегување од училница ме испраќаше со зборовите „Убав виќен наставничќе“ иако видендот беше далеку, рече наставничката Елена Накова од Злетово и додаде:

Драги деца, не можам да поверувам на сопстветните очи и уши дека повеќе Ве нема, не можам да го заборавам моментот кога бевте IX В одд кога бев ваша наставничка, моментот кога седевте во иста клупа. Николче, мило дете со твојата мила насмевка и посветеност секогаш ме воодушевуваше, од вчера ми звони во ушите твојата рецитација на песната „Кога ја љубев Дениција“, која ја вежбавме за една училишна активност. Ах ах ах , Матејче уште во понеделник па последователно секој ден на излегување од училница ме испраќаше со зборовите „Убав виќен наставничќе“ иако видендот беше далеку ! Еее токму овој викенд беше најлошиот викен за мене бидејки ја слушнав кобната случка и уште покобното сознаение дека многу млади деца и нечии мили деца нема да бидат веќе со нас! Патувајте мирно кон ангелите, нека Господ Бог ве приме во царството небесно и да продолжите да ја ширите позитивната енергија кај ангелите ! Патувајте безгрижно кон вашиот нов дом, бидејки ние за Вас имаве и ќе имаме само убави спомени, а спомените никогаш не заминуват како што и вашата присутност мегу најбиските !



Слични Објави