|

Побаран 30 дневен притвор за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши

Јавното обвинителството побара 30-дневен притвор за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, како и за други раководни лица од Mинистерството за економија, информираат извори во истрагата. Истата мерка е побарана и за државната секретарка Размена Чекиќ Дурловиќ и раководителот Беким Хаџиу.

Тоа се првите приведени лица по случајот за кои се отвора истрага и се бара притвор од 30 дена од групата која досега има над 20 осомничени. Претходно ваква мерка беше побарана само за 7-мината полициски службеници осомничени за случајот.

Вчеравечер во судот беа донесени и последните тројца градоначалници на Општина Кочани.

Слични Објави