| |

Ноев: Доаѓа крајот на Путин

„Веќе неколку дена упорно се обидувам да го покренам прашањето за потребата од длабока депутинизација на бугарскиот политички живот, на бугарската економија, на бугарската духовна сфера“, изјави поранешниот министер за одбрана на Бугарија, екперт по национална безбедност и дипломат Бојко Ноев во интервју за Бугарското национално радио.

„Депутинизацијата значи пред се реформа на судството. Обвинителството на Република Бугарија и поранешниот тим на Бојко Борисов се главните канали на руското влијание во Бугарија. Обвинителството на Република Бугарија спречува истраги насочени кон руските специјални служби. Тие го прават следното, од време на време, ќе обелоденат некакви шпионски скандали, само за да фрлат прашина во очите на луѓето“.

„Дали тоа ќе се случи многу наскоро или во малку подалечната, но сепак историски блиска иднина, останува да видиме. Очекувам рускиот народ да се ослободи од овој тиранин. Дали тоа ќе се случи со внатрешен удар, како што беа отстранети досега советските политички лидери допрва ќе се види. Путин нема да биде исклучок во овој поглед. Крајот на Путин доаѓа“, подвлече Ноев.

Целиот разговор со Бојко Ноев можете да го слушнете на следниот линк.

Слични Објави