УТРЕ НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА
Утре 4 јуни, е неработен ден за сите граѓани на Македонија , за празникот Рамазан Бајрам.
Пред нас ова лето се многу неработни денови, а еден продолжен викенд не очекува токму во јуни. На 14. јуни петок е празникот Духовден, кој е исто така неработен ден, па со викендот после него се добиваат три слободни дена. Ова се неработните денови до крајот на годината:
За сите граѓани на РМ
- 04 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
- 02 август (петок), Ден на Републиката
- 08 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
- 11 октомври (петок), Ден на народното востание
- 23 октомври (среда), Ден на Македонската Револуционерна Борба
- 08 декември (недела), „Св. Климент Охридски“ односно 09 декември (понеделник) е неработен ден
За граѓаните од православна вероисповед
- 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
- 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
- 01 ноември (петок), Празникот на сите светци
- 25 декември (среда), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед - 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ - 22 ноември (петок), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
- 09 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ - 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ - 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.
