ОСТАВКАТА НА ГРУЕВСКИ ПРИСТИГНАЛА НА УНГАРСКИ ЈАЗИК И ВЕЌЕ СЕ ПРЕВЕДУВА
Оставката од пратеничката функција на екс-премиерот Никола Груевски преку нотар, во средата била доставена во македонското Собрание, потврдува првиот човек на Законодавниот дом, Талат Џафери, прецизирајќи дека истата веќе е дадена на превод бидејќи била напишана на унгарски јазик.
Оставката пред неколку денови беше најавена на фејсбук профилот на Груевски, по што владејачкото мнозинство реагираше дека тој треба тоа да го стори лично.
Сепак, постојат шпекулации дека нејзиното прифаќање би можело да се најде на дневен ред на следната собраниска седница што ќе се одржи во вторник.
