Д-Р Е. ЈУСУФОСКИ: СЕЛЕКТИВНОСТА НА ПРАВДАТА УДИРА ВРЗ ГРАЃАНИТЕ, КОИ ГИ ПЛАЌААТ ЛУКСУЗИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ
Во емисијата „Анализи и коментари“ на штипската ТВ Стар, потпретседателот на Граѓанско Демократска Унија, д-р Енсер Јусуфоски истакна дека селективноста на правдата удира врз граѓаните, кои за жал се жртва на фрустрациите поради тоа што функционерите ретко се наоѓаат пред очите на правдата.
Според Јусуфоски граѓаните ги плаќаат сите луксузи на функционерите и за возврат добиваат брзи казни и за најмалите прекршоци, додека истото не важи за елитата. Д-р Јусуфоски истакна дека правдата треба да биде еднакво строга и кон чистачот што го изгуби своето работно место откако фрли ѓубре во Вардар и кон високите партиски и државни функционери.
Што уште кажа потпретседателот на ГДУ погледнете во видеото што следи:

