5 ПРОБЛЕМИ ШТО МОЖАТ ДА ВИ ГИ ДОНЕСАТ ЕНЕРГЕТСКИТЕ ПИЈАЛОЦИ

Енергетскиот пијалок може да биде корисен, ако имате потреба од моќен наплив на енергија, но исто така може да ви донесе и многу главоболки. Еве 5 од нив.

  • Несоница– кофеинот што се содржи во големи количини во овие пијалоци „го бркаат“ сонот за долг период од време. Комбиниран со големата количина на шеќер, подгответе се за многу непроспиени ноќи.
  • Главоболка– големата количина на кофеин во организмот може да предизвика главоболка.
  • Проблеми со работењето на срцето– вишокот на кофеин во организмот ја покачува активноста на срцето и овој мускул почнува да работи поинтензивно од нормалата. Во одредени случаи тоа може да предизвика и запирање на срцето.
  • Панични напади– некои научници тврдат дека честата употреба на енергетски пијалоци предизвикуваат панични напади и страв.
  • Диабетес тип 2– преголемата количина на шеќер во енергетските пијалоци предизвикува големи енергетски осцилации и го зголемува ризикот од појава на диабетес тип 2.


Слични Објави