ГДУ-ШТИП СО „БЛАГОДАРНОСТ“ ДО БОЧВАРСКИ
„ГДУ-Штип ја изразува својата „восхитеност“ и „благодарност“ од свое лично име и од името на нашите сограѓани од Ново Село, за „успешната“ реализација на процесот за санација на колекторската цевка.
Од Водици до денеска помина пола година и како што можеме да се увериме од лице место, веќе половината од цевката е санирана. Со едно вака „високо” и „напрегнато” темпо, здравје Боже, до следната година сме оптимисти дека ќе се санира целата.
Пола година напорна работа, пола цевка санирана. Ова е „неверојатно” технолошко и техничко „чудо” за кое нема како да не ја изразиме нашата благодарност до локалната самоуправа. Истовремено со тоа, искрено се молиме на Бог да не се случи посериозен дефект или хаварија на колекторскиот или водоводниот систем во нашиот град.
Ако со ова темпо продолжиме со упорна работа, убедени сме дека за околу 369 години, кое случајно како цифра се совпадна со планот 3-6-9, ќе успееме да го изградиме и аква паркот како и жичарата на Исарот“, се вели во реакцијата на политичката партија ГДУ-Штип.

