| |

Балкански мост: Слобода за Љупчо!

Граѓанското здружение „Балкански мост“ од Битола преку социјалната мрежа Facebook ја изрази својата поддршка кон Љупчо Ѓоргиевски, претседател на забранетиот клуб „Иван Михајлов“ од истиот град. На 21.05.2025 година со почеток од 10:30 во Основен Суд – Битола ќе се одржи последното рочиште со завршните зборови по случајот на Ѓорѓиевски, кој е обвинет за предизвикување национална и расна омраза и нерпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.

„На 21.05.2025 година со почеток од 10:30 во Основен Суд – Битола ќе се одржи последното рочиште со завршните зборови на нашиот пријател и брат Љупчо Ѓоргиевски. Љупчо е обвинет за предизвикување национална и расна омраза и нерпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем. Обвинението е заради еден цитат на историска личност, кој што Љупчо го постирал во јавна група на фејсбук. Нашето здружение дава безрезервна поддршка на Љупчо и го повикува Судот, да донесе праведна пресуда. Иако имаме мала резерва, сепак се надеваме дека правдата ќе биде задоволена. Слобода за Љупчо!“, стои во објавата на здружението „Балкански мост“ од Битола.

Слични Објави