Бугарскиот јазик и обвинителниот акт против Љупчо Ѓоргиевски
Facebook статус на Тони Коцев
Во обвинителниот акт кон Љупчо Горгиевски од Битола има седум подточки во кои се терети обвинетиот и на сите седум подточки е потенцирано дека објавувал постови на ФБ – на БУГАРСКИ ЈАЗИК . Обвинителството има сериозен проблем од аспект на човековите права и слобода на изразување .
Ставањето фокус на јазикот во обвинението е правно и етички проблематичен . Во Македонија не постои закон што забранува употреба на бугарски јазик во приватна или јавна комуникација . Еве еден пример од седумте подточки , составен од обвинителот : “ На 10-09-2022 г . на БУГАРСКИ ЈАЗИК , обвинетиот како администратор , објавил фотографии од девојки и момчиња како полагаат цвеке на гробот на Иван Ванчо Михајлов со текст на БУГАРСКИ ЈАЗИК … “ .
Типичен пример , според начинот на кој е формулиран , не покажува конкретно кривично дело , туку политички иидеолошки став . Објавувањето текст на бугарски јазик не е кривично дело . Објавувањето на фотографии , јавно достапни , не е престап . Коментарот е мој по консултација со македонски адвокат , повторувам , македонски , не бугарски .
