| |

Мерц денес ќе се сретне со Зеленски во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Берлин ќе биде примен од канцеларот Фридрих Мерц, кој од почетокот на својот мандат се покажа како голем поддржувач на Киев, соопшти портпаролот на германската влада, пренесува БГНЕС.

Посетата ќе биде посветена на „германската поддршка за Украина и напорите за постигнување примирје“ со Русија, истакна Стефан Корнелиус, цитиран од АФП.

Попладнето Володимир Зеленски ќе се сретне и со претседателот Франк-Валтер Штајнмајер.

Слични Објави