| |

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ХЕРОИ АНТИ-ХЕРОИ И ПРЕДАВНИЦИ ИЛИ КАКО Е НАПИШАНА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА

Во 1919 година по налог на Никола Пашиќ е отпочнато менаџирањето на сеченото ,лепеното ,монтираното и демонтираното во кралството СХС.
Новата држава требало да расти но таа држава не смеела да има внатрешни големи проблеми и идеи за сепарации ,скуцесии и слично. Значи во 1919 година е отпочната да се пишува федералната историја на народите во Кралството СХС , а подоцна Југославија.
Пишувањето, цензурата и одобрувањето се вршело од експертски групи , а за македонската историја лично бил одговорен Никола Пашиќ со неколку други експерти.

Никола Пашиќ инаку долго време живеел кај неговиот вујко, градежен предузимач во Софија каде Пашиќ успеал да се вработи за извесно време во Бугарското МНР.
Тој бил запознаен со сета проблематика на српско-македонските-бугарските и грчките односи.
Дел од македонските револуционери ги знаел и лично.
Заради тоа , посветил посебно поглавје во својот живот да ги зацврсти одностие на Белград и Атина. Никола Пашиќ за тоа време е нај крупниот балкански дипломат и историчар на дипломатијата, се занимавал со политичка историја.
Сега со прости зборови сакам да опишам како во 1919 до 1925 година е создавана историјата на Македонија од страна на Белград.
Се одело од револуционер до револуционер ,со име и презиме и анализа на неговите дејности и изјави ,свежи за тоа време.

Борис Сарафов ..Лик бр.1 ,Непријател на Отоманската Империја Бр.1 ,Македонист,автономаш и лик кој можел да имплицира во Вардарска Бановина- Се брише од историјата и е забрането да се дискутира за него под присмотра на тајната полиција. Посебно заради неговите лични релации со бугарскиот цар,Фердинанд.
Даме Груев,заради познанствата со дворот во Белград од каде примал помош за Илинденското востание се прогласува за доброчуден лик кој ете може да се слави
Никола Карев ,лик кои не може да имплицира по автономија во Македонија ,доброчуден лик.
Гоце Делчев- Непознат лик и не биле на јасно кој и како го убил пред востанието.
Јане Сандански- бугарски крвник,терорист и убиец
Тодор Александров подоцна во 1922 година е опишан како главен непријател,терорист,водач на самуправна област во Бугарија која Бугарите не можеле да ја контролираат. Опасен бугарски водач со кои треба Белград да се пресмета со помош на Русија,Грција но и Бугарија.
Се пазело во ситни детали кој е кој и кој е бугарски пратеник и револуционер за отцепување на Вардарската бановина и нејзиното припојување на Бугарија.Таквите биле и стрелани и затворани и се по список.

Никола Пашиќ бил најмногу изнервиран од грчките власти и црковните кругови. Тие во пресметката со Бугарската егзархија ,а да ја поделат на бугари-егзархисти и бугари –патријаршисти почнале да зборуваат за Македонци односно ,Бугари кои припаѓале на Грчката Православна Црква. Со зборот Македонци правеле динстинкција на Бугарите на добри ,тие што биле со Патријаршијата и лоши , тие што биле со бугарската Егзархија.
Никола Пашиќ утврдил дека во Југот на Вардарската бановина има цркви кои се градени со бугарски томос или пак бугарската Егзархија ги превзела од Вселенската Патријаршија.Проблемот бил уште поголем да во јужниот дел на Бановината егзистирале и цркви кои биле изградени со томос на Васеленската Патријаршија но биле превземени од Грчката Патријаршија . За ова да не го наруши мирот, српскиот крал и грчкиот крал се договориле кој да ги превземе овие цркви и до каде е нивната јурисдикција. Заради лошиот тек на преговорите и за секој случај тие одлучиле во Вардарска Бановина да се изградат цркви на нивен томос.

Оваа мерка најдобро се гледа во Прилеп. Св.Благовештение била изградена на томос од Васеленската Патријаршија,а подоцна оделена на Бугарската Егзархија. Агиос Метаморфозис или Црквата Преображение била изградена со томос на Вселенската Патријаршија, а превземена е подоцна од Грчката Православна Црква .Кога го увиделе тоа во Белград на брзина издале декрет да од буџет се изгради црквата Параклис.

Исто е скоро во целиот југ на Вардарската бановина. Многу често во преписките Белград ја опоменува Атина да ја прекине својата надлежност во Вардарска Бановина , а во Грчка Македонија да го забрани бугарскиот простиот или македонскиот јазик кои го говореле граѓаните на Грција.

„Треба да ги пресечете корените на македонците и бугарштината како ние тоа што го правиме,да не би ја вратиле пак Бугарија на овие територии- пишува Пашиќ до Атина во 1923 година во протестно писмо за издавањето на првиот буквар на македонската азбука во Атина ,финансиран од грчки црковни кругови.

Драги мои со ова го завршувам и мојот мал придонес кон големава карамкаша и матеница .
Јас едноставно сум уморен од целокупните глупости и шизофренија во оваа земја.Резултатите по години ќе ви бидат исти но СЕГА ТРЕБА ДА ЗРЕЕТЕ ,А ДО ТОГАШ ВИ ПОСАКУВАМ МНОГУ ЗДРАВЈЕ И УМ.

Автор: Даме Чкатроски

Слични Објави