Бугарската невладина организација „Потомци на бежанци и преселници од територијата на РС Македонија и пријатели“ со писмо-реакција до известувачот за напредокот на РС Македонија Томас Вајц
Претставници на бугарската невладина организација „Потомци на бежанци и преселници од територијата на РС Македонија и пријатели“ изпратија писмо до известувачот за напредокот на РС Македонија пратеникот во Европскиот парламент Томас Вајц.
Писмото е реакција на информациите што се појавија во македонските и бугарските медиуми дека во извештајот на Вајц, ќе биде признаено постоењето на „многувековен“ македонски идентитет и јазик.
Во својата реакција, од бугарската невладина организација „Потомци на бежанци и преселници од територијата на РС Македонија и пријатели“ го оспоруваат токму тоа, давајки го за пример фактот што пред 1944 г. нема официјални документи за постоење на посебен македонски јазик, различен од бугарскиот и додаваат дека токму припадниците на македонското ослободително движење по 1944 г, се бореле за зачувување на бугарскиот идентитет на мнозинското население на територијата на денешна Република Северна Македонија.
Го пренесуваме писмото до Томас Вајц во целост и без уредничка интервенција:
СДРУЖЕНИЕ „ПОТОМЦИ НА БЕЖАНЦИ И ПРЕСЕЛНИЦИ ОТ ТЕРИТОРИЯТА НА РС МАКЕДОНИЯ И ПРИЯТЕЛИ“
ДО ТОМАС ВАЈЦ
ГЛАВЕН ИЗВЕСТУВАЧ НА ЕУ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
КОПИЈА ДО СИТЕ ПРАТЕНИЦИ ВО ЕП
Почитуван г-дине Вајц,
Нашето здружение е создадено од лица кои потекнуваат од групата од над 400 илјади бугарски граѓани, потомци на бегалци или доселеници од територијата на денешна Република Северна Македонија, кои пак се дел од околу 1,3 милиони бугарски граѓани кои самите се изјаснуваат дека потекнуваат од географската област Македонија.
Решивме да ви се обратиме бидејќи медиумите во Северна Македонија веќе една недела трубат како сте се обврзале во извештајот на ЕП да ги признаете „македонскиот идентитет“ и „македонскиот јазик“. Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека тие ќе бидат споменати најмалку 4 пати, нагласувајќи дека се стари со векови. Сепак, некој претера и ова споменување во проектот е 9 пати, што потсетува на некои пропагандни принципи од мрачното минато на Европа.
Нашето изненадување од вашите постапки е големо, со оглед на тоа што рамковниот договор за членство на Северна Македонија во ЕУ од 2022 година е резултат на компромис веќе преговаран и одобрен од ЕУ, ратификуван од парламентите на Северна Македонија и Бугарија и од останатите 26 земји-членки. Оттогаш, политичките прашања околу суверенитетот на службениот јазик на Скопје не треба да бидат на дневен ред.
Се разбира, медиумите во Северна Македонија се на „македонски јазик“, што според вас е македонски. Ова не е сосема точно. Овој службен јазик е северномакедонски и нема никаква врска со населението во другите делови од географската област на Македонија, кои се наоѓаат во Грција, Бугарија и Албанија. Обраќаме внимание дека со исклучок на вештачки вметнати во северномакедонскиот јазик србизми, ние разбираме сè друго, околу 95% од него. Кога е потребно, го користиме овој јазик во нашата кореспонденција, но не се сметаме за двојазични. Австрискиот научник Ото Кронштајнер еднаш го нарекол овој јазик локален бугарски, напишан на српска машина за пишување.
Немаме поим зошто се обврзавте да го признаете македонскиот идентитет и „македонскиот јазик“. Идентитетите и јазиците не подлежат на признавање според меѓународното право. Веројатно ја презедовте обврската затоа што властите во Скопјe ви кажуваат дека Бугарија го негира македонскиот идентитет и „македонскиот јазик“.
Тука треба да направиме неколку важни појаснувања што треба да се земат предвид при гласањето за извештајот.
Прво – До 1944 година, освен во комунистичките и српските проекти, нема податоци за постоење на македонски идентитет и јазик. Во сите пописи во Отоманската империја до 1912 година, мнозинството од нејзините жители биле регистрирани како Бугари, додека во исто време немало ниту еден етнички Македонец. Според отоманските власти, ова население било признато како дел од бугарскиот народ (на турски „булгар миллет“). Имаме дигитализирани копии од сите отомански пописи (на турски „Салнамелер“) на географската област Македонија, издадени на отомански турски јазик. Можеме да ви ги обезбедиме доколку е потребно. Би биле среќни доколку Европскиот парламент или друга европска институција го финансира нивниот превод на некој современ јазик.
Нашето здружение го поткрепи објавувањето на атласот „Македонија во европската етничка картографија“ составен од академикот Иван Илчев, кој содржи повеќе од 80 етнографски карти од истакнати европски истражувачи, кои го отсликуваат присуството на Бугари, но не и на етнички Македонци. Ги прочитавме сите документи на австриските конзули од 1905 до 1908 година, објавени во Скопје во 1977 и 1981 година. Тие насекаде зборуваат само за Бугари во Македонија, но не и за некаков македонски идентитет. Објавувањето на овие документи не значи дека во Северна Македонија има демократија. Напротив, издавачите објавиле дека австриските дипломати направиле „грешка“. За ова ќе ви бидеме благодарни доколку можете да покажете на нас и на европратениците било какви австроунгарски или австриски документи во кои е утврдено постоењето на етнички Македонци пред 1944 година.
Второ – Документите јасно покажуваат дека македонскиот идентитет и „македонскиот јазик“ почнале да се создаваат во Титова Југославија по 1944 година, а до 1948 година и со одреден прекин до 1956 година, комунистичките власти во Бугарија го поддржувале овој процес. Сепак, во денешна Северна Македонија, од круговите на ВМРО се појавило целосно независно движење, кое го негирало македонскиот идентитет и јазик и се стремело да го зачува бугарскиот идентитет и заедничкиот литературен бугарски јазик. Постојат стотици достапни документи што можеме да ви ги презентираме. Овој пример јасно покажува дека не станува збор за билатерален спор меѓу Софија и Скопје (Белград), туку за длабок внатрешен македонски конфликт кој не е завршен ниту денес. На овој конфликт му е потребно национално помирување, а не охрабрување на агресорот и континуирано уништување на жртвата!
Трето – Истото тоа Македонско ослободително движење, кое по 1944 година се бореше за зачувување на бугарскиот идентитет, ги поддржа оние Австријци кои по 1945 година се спротивставија на терминот „јазик на наставата“ (Unterrichtssprache) воведен од министрите за образование Ернст Фишер и Феликс Хурдес и изјавија дека ова е германски или, во најоддалечен случај, австриска варијанта на германскиот. Можеме да ви ги покажеме и овие документи за да видите што значи солидарност, која денес се обидувате да ја казните!
Во 1953 година, се развило длабоко пријателство и соработка меѓу Македонското ослободително движење и поранешниот австриски канцелар Курт фон Шушниг, и тој бил поканет да биде гостин и главен говорник пред легалното Македонско ослободително движење. Во Детроит и Торонто, тој одржал говори пред илјадници македонски Бугари. Фон Шушниг го нагласил фактот дека до Првата светска војна, населението на Македонија универзално се сметало за Бугарско. Во врска со модерноста, тој се обидел да повлече паралели меѓу Австрија и Македонија. Тој се извинил на публиката дека нема да зборува на „вашиот бугарски јазик, туку на англиски, дијалект на државата Мисури со австриски акцент“. Од особено значење е забелешката дека Македонското прашање продолжува да постои, дека „останало живо во умовите на луѓето дури и до ден-денес“. Според него, ситуацијата во Македонија од 1913 година, повторена во 1919 и 1945 година, „не нуди конечен задоволителен одговор“. Потоа тој направи и писмена посвета: „Најдобри желби за 1954 година до моите Македонско-бугарски пријатели во САД и Канада. Декември 1953 година“. Според властите во Скопско, кои вие ги поддржувате, нема македонски Бугари!
Се разбира, ситуацијата во Македонија и Австрија не е идентична. Во Австрија, терминот „австриски јазик“ никогаш не бил воведен, за разлика од денешна Северна Македонија, каде што официјалниот „македонски јазик“ бил создаден од локалните бугарски дијалекти.
Иако Австрија водеше политика на дистанцирање од германскиот идентитет и создавање на посебен австриски идентитет, во оваа транзиција немаше физичко насилство. Во 1956 година 46% од Австријците сè уште се идентификуваа како Германци. Во 1964 година овој процент падна на 15%, но во 1990 година 21% од Австријците се идентификуваа како Германци. Денес никој не ги прогласува австриските Германци за предавници или малцинство, како што властите во Скопјe прават со локалните Бугари. Никој денес во Австрија не нагласува ниту инсистира да се признаваат два идентитета: австриски и германски, и да се спротивставува едниот на другиот.
За жал, комунистичкиот режим во Белград и во Скопјe тргна по друг пат. Ретроактивно, сите преродбеници и револуционери кои експлицитно нагласуваа дека се Бугари и зборуваат бугарски јазик беа прогласени за Македонци, зборувајќи некаков македонски јазик, за чие постоење дури и не знаеле. Врз македонските Бугари беше наметнат крвав терор. Оваа политика е директно продолжение на српската политика од 1913 година. По освојувањето на денешната територија на Северна Македонија, започна прогонот на нашите предци. Таму беа затворени 761 бугарски цркви со 833 свештеници, како и 641 бугарски училишта со 1013 учители. Вкупно, во географската област на Македонија по 1913 година, беа затворени над 1300 бугарски цркви со 73 бугарски манастири, 7 бугарски владици и 1310 бугарски свештеници, како и 1370 бугарски училишта со 2266 учители. Бугарските учители и свештеници, од кои огромното мнозинство беа местни, беа протерани или убиени.
Постојат бројни документи за геноцидот врз Бугарите во денешна Северна Македонија од 1944 година до денес. Најновиот масовен пример е насилството и манипулациите за време на пописот во Северна Македонија во 2021 година, каде што на 20.000 луѓе им е променет идентитетот, а уште 100.000 не биле посетени од попишувачите. Дури и на почетокот на 2025 година, таму се водаат три судења истовремено против Љупчо Георгиевски, Драги Каров и Димче Јамандиев, едноставно затоа што се идентификувале како Бугари на социјалните мрежи.
Четврто. Никој во Бугарија не го негира современиот македонски идентитет и правото на неговите носители да го нарекуваат својот јазик македонски или северномакедонски. Меѓутоа, ако извештајот на ЕП го признава само овој идентитет и само ова име на јазикот, нашето човеково право да имаме бугарски идентитет и да продолжиме да го нарекуваме нашиот јазик бугарски е одземено. Тоа е како да во Австрија се признава само австрискиот идентитет и да се одземе правото на носителите на германски идентитет да го изразуваат и да им се забрани да го нарекуваат својот јазик германски. Бидејќи токму тоа го прават властите во Северна Македонија!
Како заклучок, би сакале да нагласиме дека со создавање вештачки пречки, оваа и претходните влади на Северна Македонија имаат за цел да го блокираат проширувањето на ЕУ, со што им служат не на северномакедонските, туку на српските и руските цели на Балканот. Апелираме до европратениците да размислат какви би биле последиците доколку таква нереформирана Северна Македонија стане членка на ЕУ!
Поради таа причина ние настојуваме:
- Да не се признава никаков вековен македонски идентитет. Таков идентитет е создаден дури по 1944 година, и очигледно овој процес не се одвива подеднакво кај сите граѓани на Северна Македонија.
- Доколку треба да се признае македонскиот идентитет во Северна Македонија, паралелно треба да се признае и зачувувањето на вековниот бугарски идентитет кај дел од населението на оваа земја. Носителите на овој бугарски идентитет треба да имаат исти права како и останатите граѓани на Северна Македонија.
- Доколку треба да се признае/спомнува официјалниот „македонски јазик“, исто така треба да се одрази во декларацијата дека носителите на бугарскиот идентитет во Северна Македонија продолжуваат да ги нарекуваат локалните дијалекти бугарски.
Ако ова не се направи, вие ја негирате науката и ги кршите нашите човекови права на самоопределување. Со воведување на вештачки создаден проблем, ќе го зголемите евроскептицизмот и на крајот ќе ја направите ЕУ послаба, а не посилна. Токму во овој тежок момент на Европа ѝ е најмалку потребно ова!
Со почит,
КОПРЕТСЕДАТЕЛИ: проф. Трендафил Митев, доц. Спас Ташев, Илиjа Стоjановски
СЕКРЕТАР: Димитар М. Димитров
Оваа излагање се поткрепува и од Новата политичка емиграција на македонските Бугари, претставувана од Благој Шаторов и Горан Серафимов.
Софија, 2 jуни 2025 година
ПРИЛОЗИ
Австриски документи за Македонија од 1905 до 1908 година, објавени во Скопје во 1977 и 1981 година. Тие насекаде споменуваат Бугари во Македонија и никаде етнички Македонци.
Новогодишна порака на поранешниот австриски канцелар Курт фон Шушниг до македонските Бугари за 1954 година.
Извадоци од говорите во 1953 година на поранешниот австриски канцелар Курт фон Шушниг за Бугарите во Македонија.
Во два прикачени фајлови приложуваме информации за кршењето на човековите права на Бугарите во денешна Северна Македонија помеѓу двете светски војни и од 1944 година до денес.



