| | |

(Аудио) Перев пред Радио Благоевград: Луѓе од РС Македонија, кои се поврзани или имаат фирми во Бугарија негуваат антибугарска реторика

Во Македонија не е јасно, што се случува со економската соработка меѓу Македонија и Бугарија.Овде се зборува само за некакви подземни, нејасни, темни конекции, кои ги имаат македонските бизнисмени со бугарски пасоши со бугарската држава и бугарските компании. Ова во во емисиjaта на на Радио Благоевград „Идеи, интереси, бизнис“ со водител Бојка Браткова го изјави познатиот публицист и македонски Бугарин од РС Македонија Владимир Перев.

Перев додаде дека е општопознат факт дека членови на парламентот и на сите досегашни влади во РС Македонија имат свои фирми во Благоевград, Петрич, Ќустендил и дека истите работат „под прикритието“ на бугарските државјанства.

„Истите тие луѓе од собраниската говорница говорат против Бугарија. Кога ќе отидат кај европските институции исто така говорат против Бугарија. Говорат за една невистинита рамноправност на граѓаните. Не внимаваат на правата на Бугарите во Македонија, а и на другите националности “, изјави Перев.

Тој е дециден дека треба да стане јасно, кој каде навистина припаѓа, посебно во случајот со луѓето од РС Македонија, кои прават бизнис во Бугарија, а негуваат антибугарска реторика.

Што уште кажа Владимир Перев пред Радио Благоевград слушнете во аудиото што следи:



Слични Објави