ЈАВНОСТА РАЗОЧАРАНА: ГОЛЕМАТА НБА-ЅВЕЗДА ПОВЕЌЕ НЕМА ДА ИГРА ЗА СЛОВЕНИЈА!

Кошаркарот на Мајами хит, Горан Драгиќ, повторно ја разочара словенечката јавност, откако потврди дека нема да ја промени одлуката за репрезентативна пензија и дека нема да биде во составот на националниот тим во квалификациите за годинешните Олимписки игри во Токио.

Тоа ќе биде голем удар за „змајчеки“, кои олимписката виза ќе ја бркаат во Каунас заедно со домашната Литванија, Јужна Кореја, Венецуела, Полска и Ангола.

„Кога бев помлад секогаш давав сѐ од себе за репрезентацијата и кога имавме лош и кога имавме добар тим. Чувствувам дека телото не ми е како порано и дека мора да го штедам. Летото со моите деца ми е приоритет, а националниот тим сега има помлади лидери како Лука Дончиќ, кои уверен сум ќе може да дојдат до посакуваната цел и без моја помош“, изјави Драгиќ.

Бекот на „жешките“ од Мајами беше еден од најзаслужните за златниот медал за Словенија на последното Европско првенство во 2017 година. Тој во финалето постигна 35 поени, што беше и прекрасен начин да се заврши успешната репрезентативна бајка.

Извор: Спорт1