Борисов: Бугарија е подготвена да се вклучи активно во обновата на Украина
Бугарија е подготвена да се вклучи активно во процесот на обнова на Украина. Ова го изјави лидерот на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со амбасадорката на Украина во Бугарија, Н.Е. Олесија Илашчук, пренесува БГНЕС.
Борисов нагласи дека Бугарија располага со значителни капацитети и експертиза кои можат да бидат од полза во клучни сектори како што се енергетиката, трговијата, бродскиот транспорт и инфраструктурата. Според него, и бугарскиот бизнис може активно да се вклучи во овие процеси.
„Ја уверив амбасадорката Илашчук дека Украина ја има цврстата поддршка од Бугарија за својата европска перспектива“, изјави Борисов.
На средбата биле разгледани и актуелните случувања на фронтот и развојот на воените дејства на територијата на Украина.

