(Видео) Приказната на отец Зоран Мамучевски и неговото прекрасно семејство во емисијата „Ничија земја“ на бугарската Нова телевизија
Цветно за Цветници е епизода на емисијата „Ничија земја“ посветена на семејството на отец Зоран Мамучевски, неговата сопруга Бранислава и нивните прекрасни дечиња. Отец Зоран е од Берово, а од 2010 година, на покана на митрополитот Григориј од Велико Трново, служи во црквата Свети Тројца Светители во Горна Орјаховица.
Ова не е прв пат приказната на отец Зоран и неговото семејство да се најде во емисијата „Ничија земја“ на Нова телевизија.
Пред 4 години беше снимена првата емисија за тоа достојно семејство.
