| |

Универзитетот во Русе спроведе обука за бугарски наставници и деца од Украина

Сертификати за успешно завршен квалификациски курс и лингвистичка практика по бугарски јазик и култура добија 50 ученици и наставници од Болградскиот и Одескиот регион во Украина. Церемонијата на доделување се одржа во свечената сала на Ректоратот на Универзитетот „Ангел К’нчев“ во Русе, информираат од високата образовна институција, пренесува БНР.

Лингвистичките практики и квалификациските обуки се реализираат согласно Уредбата бр.103 на бугарската Влада, која предвидува активности за поддршка на образованието меѓу Бугарите во странство. Обуката траеше 12 дена и се одвиваше по програма подготвена од Катедрата за бугарски јазик, литература, историја и уметности и Катедрата за странски јазици.

Покрај разновидни предавања по бугарски јазик, литература и традиционални бугарски уметности, курсот опфати и богата културно-историска програма. Учесниците ги посетија најзначајните музеи и знаменитости во Русе, како и историски локации во Велики Трново, пештерата „Бачо Киро“ и етнографскиот комплекс Ет’ра.

Слични Објави