Германија ќе ѝ испорача уште две „Патриот“ системи на Украина во договор со САД
Германија денеска објави дека ќе ѝ испорача на Украина уште две системи за противвоздушна одбрана „Патриот“, откако постигна договор со САД според кој Берлин ќе биде прв на листата за добивање на најновите верзии на овие системи, јавува Ројтерс, пренесува БНР.
„Благодарение на преземената обврска од страна на САД, Германија може веднаш да ја поддржи Украина, а потоа и со дополнителни компоненти на системот ‘Патриот’“, соопшти германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
Во замена, Германија ќе добие од САД нови „Патриот“ системи со забрзано темпо, за кои веќе е обезбедено финансирање. Потребата на Украина од системи за противвоздушна одбрана стана особено итна ова лето, поради зголемените руски воздушни напади низ целата земја. Системите „Патриот“ се покажаа како ефикасни во пресретнувањето на руските балистички ракети.
Германија досега има испорачано три „Патриот“ системи за Украина. Според изјавите од Берлин, новата испорака нема да влијае врз одбранбените обврски на земјата кон НАТО.
