Ламбрехт: Многу е важно сериозно да ги сфатиме руските нуклеарни закани
Германската министерка за одбрана, Кристин Ламбрехт, денеска на маргините на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел предупреди да не се земаат лесно руските нуклеарни закани во војната во Украина, јави ДПА.
-Многу е важно сериозно да ги сфатиме заканите упатени од Русија и соодветно да се прилагодиме на нив, рече Ламбрехт. Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО денеска и утре треба да разговараат за тоа како да се справат со заканите од рускиот претседател Владимир Путин. Консултациите на таканаречената „група за нуклеарно планирање“вообичаено се тајни. Ламбрехт побара разбирање дека овие размислувања се одвиваат во „внатрешни, тајни комитети“. -Но, можам да кажам дека сме подготвени, додаде таа.
Извор: opserver.mk