Бугарските ученици со блескав успех на Меѓународната олимпијада по информатика- еден од нив влезе во топ 10 во светот
Бугарски средношколци освоија двa златни и двa сребрени медали на Меѓународната олимпијада по информатика што се одржа во Боливија – најпрестижниот светски натпревар во оваа научна област. Ова го соопшти Здружението на олимписките тимови по природни науки на Бугарија.
Златните медали ги освоија Веселин Маркович (12 одделение, Математичка гимназија – Варна) и Александар Гатев (12 одделение, Софиска математичка гимназија). Со сребро се закитија Андреј Стефанов (10 одделение, Прва приватна математичка гимназија – Софија) и Борис Михов (12 одделение, СМГ – Софија). Тренери на тимот се Илијан Јорданов и Виктор Кожухаров.
Ова е најдобар резултат за Бугарија во историјата на овој престижен натпревар. Според неофицијалниот тимски пласман, бугарскиот тим се искачи на 4. место во светот, пред силни нации како САД и Јапонија.
Според податоците од Здружението, до сега Бугарија има освоено вкупно 131 медал од сите изданија на олимпијадата – 29 златни, 57 сребрени и 45 бронзени.
На 37. издание на Меѓународната олимпијада по информатика, кое се одржа од 27 јули до 3 август во Боливија, учествуваа 330 натпреварувачи од 86 држави. Особено се истакна Веселин Маркович, кој се најде меѓу првите 10 натпреварувачи во светот.

