|

Скендер Реџепи Зејд ќе биде кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ДУИ

Скендер Реџепи Зејд пратеник и лидер на „Народното движење“  ќе биде кандидатот за градоначаник на Град Скопје од редовите на ДУИ. 

„По консултациите со лидерите на политичките партии кои ја сочинуваат Национална алијанса за интеграција, со целосно единство и со заедничка одлука, се договоривме дека наш кандидат за градоначалник на Скопје да биде Скендер Реџепи кој е претседател на политичката партија „Народно движење“. Дипломирал на Филозофскиот факултет, поседува долго и докажано искуство во граѓанскиот сектор и граѓанското општество. Моментално е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, каде е глас на граѓаните, бранител на нивните права и застапник на длабоките политички и социјални реформи“, објави лидерот на ДУИ Али Ахмети. 

„Неговата кандидатура претставува не само единство на прогресивните сили на Албанците во Северна Македонија, туку и јасна алтернатива на Скопје, град кој заслужува еднаков развој и транспарентност. Партијата е убедена дека со Скендер Реџепи Зејд, Скопје ќе има градоначалник кој ја знае реалноста, го слуша граѓаните и работи за сите, додава Ахмети. 



Слични Објави