|

Кривичниот суд сè уште ја разгледува обвинителната постапка за „Случајот Кочани“

Кривичниот суд во Скопје сè уште нема донесено одлука за прифаќање на обвинителниот акт за „Случајот Кочани“, кој беше оформен пред два месеци. Од Судот за ТВ 24 информираат дека обвинението е доставено до сите осомничени и нивната одбрана, а во моментот се разгледуваат приговорите на обвинетите.

„Постапката е иста како во сите случаи, така е и за овој случај. Обвинението е пратено до сите обвинети, приговорите на нивните адвокати се разгледуваат и истите се доставени и до Јавното обвинителство“, велат од Јавното обвинителство.

Судот ќе одлучи дали ќе го прифати обвинителниот акт по завршување на целата процедура со приговорите.

Паралелно, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција продолжува со постапката за „Случајот Пулс“ против осомничените полициски службеници за тешки дела против општата сигурност. Од ОЈО ГОКК соопштуваат:

„Во рамките на своите надлежности јавниот обвинител ги презема сите неопходни дејствија за расветлување на случајот меѓу кои сослушување на лица во својство на осомничени и во својство на сведоци, како и прибирање на други докази. По завршување на сите истражни дејствија, ќе биде донесена одлука.“

Првиот човек на обвинителството, Љупчо Коцевски, најави дека на крајот од летото и за осомничените полициски службеници ќе се поднесе јавнообвинителен акт.

Во предметот што го води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за истиот настан, осомничени се 27 полициски службеници.



Слични Објави