Високи цени на сезонското овошје
Во екот на летната сезона, кога свежото и витаминско овошје најмногу се консумира, дел од граѓаните велат дека не можат да си го дозволат. Цените се високи и во маркетите и на пазарите.
Продавачите велат дека праските моментално се продаваат за 100 денари килограм, модрите сливи за околу 80 денари, а една мала диња чини меѓу 130 и 150 денари. Сезонското грозје се нуди по цена од околу 80 денари за килограм.

