(Фото) Еве ја обединета Македонија
„Еве каде е обединета Македонија… во Левски 1914! По двајца од Пиринска и Вардарска и мојата персона од северозападот, но внук на славен Бугарин од Егејска“, ова на социјалната мрежа Facebook го напиша навивачот на ПФК Левски Павел Македонски.
Тој објави негова заедничка фотографија со Дарко Тасевски (Скопје), Радослав Кирилов (Симитли), новото засилување на Левски Никола Серафимов (Скопје) и Борислав Рупанов (Петрич).


