| |

Романија и Турција разговараа за трилатералната соработка со Бугарија во инфраструктурата

Романскиот премиер Илие Боложан и турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу во Букурешт ја разгледаа можноста за развој на трилатералната соработка меѓу Романија, Бугарија и Турција во областа на патната и железничката инфраструктура, јавува БГНЕС.

Средбата се одржала во палатата „Викторија“, а по неа романската влада соопшти дека Боложан ја нагласил определбата на Романија да обезбеди фер и чесен пристап кон сите компании што учествуваат во инфраструктурни проекти, без оглед на нивната земја на потекло.

Премиерот дополнително најави дека Букурешт ќе преземе чекори за олеснување на постапките за издавање визи, како за вработени во турски компании што работат во Романија, така и за туристи, со цел значително зголемување на бројот на турски посетители.

Разговорите се фокусираа и на стратешката улога на Романија во процесот на обновување на Украина, како и на подготовките за претстојниот состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво меѓу двете земји, каде што се очекува да бидат постигнати конкретни и корисни резултати.



Слични Објави