Армиски хеликоптер исфрли над 100 тони вода врз пожарот во Јасен
Во изминатите два дена армиски хеликоптер исфрлил повеќе од 100 тони вода врз пожарот што беснее во природниот резерват „Јасен“.
Од таму информираат дека во гаснењето се вклучени и припадници на баталјонот на специјални сили „Волци“. Заедно со нив, на терен се и припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, кои работат на уредување на тешко проодниот и стрмен терен со цел да се спречи понатамошното ширење на огнената стихија.
