(Видео) Петков од Брисел за „францускиот“ предлог: Стана јасно дека барањата на Софија станаа барања и на Европа

//

Некои од барањата поврзани со францускиот предлог се многу тешки за прифаќање за Република Северна Македонија. Но, она што стана јасно е дека тоа веќе не се само барања на Софија, туку барања на Европа. Односно, ние можевме да ги објасниме причините зошто овие работи што ги сакаме мора да се случат, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков по редовниот состанок на Европскиот совет и на состанокот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, пренесе БНТ.

Петков призна дека имало многу тешки разговори и очекувања дека Бугарија ќе го тргне ветото, но рече дека одлуката за укинување на ветото на РС Македонија треба да ја донесе бугарскиот парламент.

Додека нема одлука на бугарскиот парламент, јас сам, ниту владата нема да го смениме бугарскиот став. Бугарскиот парламент сега мора да расправа и да одлучи за тезата. Тешка задача ќе биде за Република Северна Македонија, која ќе мора да ги прифати нашите барања за да продолжи напред – рече бугарскиот премиер во оставка.



Претходна статија

БГНЕС: Уште во 2019 г. Димитров и Захариева потпишале протокол за брзо решавање за Гоце Делчев и ВМРО

Следна статија

Комисијата за финансирање и буџет разгледа 20 амандмани на ребалансот, не прифати ниту еден

Најново од Вести