Професорка од Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ со престижна награда на научна конференција во Сингапур
Проф. д-р Светлана Бјалкова беше удостоена со наградата за исклучителен рецензент (Outstanding Reviewer Award) на Шестата меѓународна конференција за системи „човек-машина“ (ICHMS 2026), одржана во Сингапур, јавуваат од Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.
Признанието е доделено за работата на проф. Бјалкова и го зацврстува местото на Софискиот универзитет меѓу водечките меѓународни институти и технолошки компании кои придонесуваат за развојот на фундаменталните знаења и научните истражувања во областа на интеракцијата меѓу човекот и машината.
Конференцијата ICHMS 2026, која се одржа под мотото „Надвор од интеракцијата: Интегрирање на луѓето, машините и интелигентните автономни системи“, обедини водечки истражувачи, предавачи и практичари од целиот свет. Учесниците разменуваа идеи, претставуваа иновации и разговараа за иднината на интеграцијата меѓу луѓето и машините.
Програмата опфати пленарни предавања, технички сесии, работилници и панел-дискусии, чија цел беше поттикнување на соработката меѓу различните научни области.
Проф. Бјалкова е раководителка на проектот ConsuWAIS, финансиран преку Програмата „ВИХРЕН – 2024“ на Фондот за научни истражувања. Проектот се реализира на Стопанскиот факултет при Софискиот универзитет.
