Бесарабската Бугарка Марија Желјаскова ќе ја претставува Украина на „Мис Земја 2025“
Бесарабската Бугарка од Болград, Марија Желјаскова, ќе ја претставува Украина на меѓународниот избор за убавина „Мис Земја 2025“, соопшти Извршната агенцијата за Бугарите во странство. Престижниот конкурс ќе се одржи во ноември на Филипините и е насочен не само кон женската убавина, туку и кон подигање на свеста за заштита на животната средина.
„За мене е голема чест да ја претставувам Украина на конкурсот ‘Мис Земја’ оваа година. Овој момент отсекогаш бил мој сон и сега тој стана реалност. Подигањето на свеста за еколошките проблеми е тема која ми е многу блиска, исто како и хуманитарната работа и помошта за другите. Искрено сум благодарна за убавите зборови и поддршката и со нетрпение очекувам средба со сите на Филипините,“ напиша Марија на социјалните мрежи.
Желјаскова е дипломиранa на Факултетот за дизајн, архитектура и уметност при Меѓународниот хуманитарен универзитет во Одеса, каде што студирала аудиовизуелна уметност. Последниве години таа самоуверено освојува титули на престижни натпревари. Во 2024 година ја освои круната на „Мис Одеса“, а веднаш потоа и националниот избор за убавина „Мис Украина 2024“ во категоријата „Мис Земја Украина“.

