| |

Режимот на Путин пие крв и јаде луѓе*

Facebook статус на Елисавета Белобрадова

Да умреш за својата земја често не претставува херојски момент на бојното поле во сјаен оклоп. Понекогаш умираш за својата земја полека, болно, по своја волја, сам далеку од жена и деца.

И знаеш дека ќе умреш.

Потребна е многу храброст да се умре за менталната конструкција наречена држава. За парче земја, за народ кој нема да дојде да те спаси, иако знае дека ќе умреш. Не е лесно да се умре кога си имал можност да живееш добро и на топло.

Потребна е многу храброст. Почивај во мир.

Во моето срце владее страшен гнев кон режимот кој во сите облици, варијации и под многу имиња го труе нашето постоење како држава веќе 140 години.
И не само нашето. Во секоја земја во која стапнал, оставал тела, ја скршил слободата на духот и сеел пропаст. Режим кој пие крв и јаде луѓе. Оваа година е клучна за насоката на светот и смртта на Навални е огромно предупредување за сите, за тоа што е Русија.

Уште едно од десетици, стотици, илјадници, милиони предупредувања.

* Насловот е на редакцијата



Слични Објави