Неформална средба на министрите за одбрана на ЕУ во Копенхаген
Во Копенхаген, Кралството Данска денеска, ќе се одржи неформална средба на министрите за одбрана на земјите-членки на Европската унија. Настанот е дел од календарот на данското претседателство со Советот на ЕУ, јавува Министерството за одбрана на Бугарија.
Делегацијата на Министерството за одбрана на Република Бугарија ќе ја предводи министерот Атанас Запрјанов.
Во рамки на средбата министрите ќе дискутираат за воената поддршка на ЕУ за Украина, за одбранбената подготвеност на Унијата, вклучувајќи ја и имплементацијата на приоритетите утврдени во Белата книга за европска одбранбена подготвеност 2030 и во Планот за превооружување на Европа, како и за состојбата на воените мисии и операции во рамките на Заедничката политика за безбедност и одбрана на ЕУ.
На состаноците се поканети да учествуваат генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, министерот за одбрана на Украина, Денис Шмигал, како и претседателката на Комисијата за безбедност и одбрана во Европскиот парламент, Мари-Agнес Штрак-Цимерман.
