|

Голем пожар во населбата Илинден, огнот се шири кон домовите

Голем пожар избувна во скопската населба Илинден, јавуваат медиумите. Пламените јазици зафатија сува трева, што го разгорува огнот и го насочува кон куќите во близина.

На терен веднаш биле испратени екипи од противпожарната бригада кои се борат да ја локализираат огнената стихија и да спречат загрозување на објектите и жителите.

Засега нема официјални информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту пак дали има повредени лица. Жителите со голем страв ја следат ситуацијата и развојот на огнот.

Слични Објави