|

Обвинителството собира докази за пожарот во Трубарево

Основното јавно обвинителство Скопје започна постапка за утврдување факти околу пожарот во магацините во Трубарево.

Јавниот обвинител побара поддршка од Армијата – Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана веќе изврши мерења за можни токсични гасови и честички, а првичните резултати се доставени до обвинителството. Се очекуваат и податоци од Министерството за животна средина.

Издадени се наредби за прибирање на документацијата на компанијата, а дополнителни вештачења ќе бидат направени за да се утврди видот на контаминацијата и последиците.

Засега нема услови за увид на лице место, а МВР го контролира пристапот кон опожарениот објект.



Слични Објави