Бугарските училишта низ светот – чувари на јазикот и традицијата
„Бугарскиот учител во дијаспората е многу повеќе од учител. Тој е воспитувач, чувар на традициите, културата и бугарската самосвест“, изјави за Бугарското национално радио Зорница Гоган, директорка на бугарското неделно училиште „Рајна Кнегиња“ во Даблин и претседателка на Асоцијацијата на бугарските училишта во странство.
Во сите бугарски училишта надвор од земјата наставната година веќе започна. „За нас е важно да ја пренесеме традицијата на овој празник, за да можат и децата што се родени надвор од Бугарија да го почувствуваат духот и возбудата што ние ја паметиме“, нагласи Гоган.
Според неа, во моментов постојат 695 места низ светот каде што се одвива настава по бугарски јазик или активности поврзани со бугарскиот јазик, култура и традиции – бројка што постојано расте. Самите бугарски училишта веќе надминуваат 400.
„Поддршката што ја добиваме од Министерството за образование и наука е комплексна. Продолжуваме да работиме за официјално признавање на бугарскиот јазик во образовните системи на другите држави и за негово интегрирање во локалните образовни структури“, изјави Гоган.
Оваа година, на првиот училишен ден во бугарското училиште во Даблин биле пречекани повеќе од 150 ученици.
