|

Шест месеци од трагедијата во „Пулс“ – марш и протести за правда во Кочани и Скопје

Денеска се навршуваат шест месеци од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кога животот го загубија 62 млади лица. По тој повод, семејствата на загинатите организираат „Марш за ангелите“.

Маршот ќе започне во 15:35 часот од „Паркот на револуцијата“ и ќе се движи по воспоставената маршрута – општинска зграда, УЈП, полиција, кочански суд и обвинителство – со завршница повторно во паркот.

Во исто време, иницијативата „Кој е следен“ повикува на мирен собир на плоштадот во Скопје, закажан за 20:16 часот.

„Ова не беше несреќа, ниту трагедија, туку масакр. Свирепо убиство предизвикано од дисфункционални институции и партиски картел. Не смееме да отрпнеме. Болката мора да ја споделиме сите заедно, таа треба да нѐ поттикне на акција. Вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани,“ порачаа организаторите.

Семејствата на жртвите веќе шест месеци секоја сабота го одржуваат „Маршот на ангелите“ во Кочани, барајќи одговорност и правда за своите деца. Протести се одржуваат и во други градови низ државата.

Слични Објави