|

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче зборува за единство, а шири омраза

Од ВМРО-ДПМНЕ остро реагираа на настапот на претседателот на СДСМ Венко Филипче во Свети Николе. Според партијата, додека јавно говори за единство и слога, во исто време се прават плакати со ликовите на Христијан Мицкоски, Тошко Тошкоски и Јане Јанев, испрскани со крв, со што се шири омраза и се пласираат лаги за Кочани.

„Филипче е човекот кој е татко на смртта на десетици илјади починати во ковид кризата, кога како прв човек на здравството доживеа фијаско. Нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани и нема приказна која не ја изврте врз жртвите“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат дека Филипче и неговите, како што велат, „инсталации и платеници“ чувствуваат особено задоволство во злоупотребата на трагедии, што партијата силно го осудува.

„Ако сака Венко да направи разлика, нека излезе јавно да се извини и да ја осуди ваквата омраза која тој ја стимулира“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави