(Видео) Бугарин од Мала Преспа стана уролог во Пловдив
Вангел Вангеловски избрал да биде доктор во Пловдив. Роден е во селото Долна Горица во Мала Преспа Албанија, кое се наоѓа на 3 километри од македонската и на 5 километри од грчката граница. Пред 10 години Вангел Вангеловски дошол да студира во Бугарија, јавува бугарската Нова телевизија.
„Мојот дедо е една од причините зошто дојдов да студирам во Бугарија. Првата година, втората година, потоа сфатив дека ова е навистина сакам да им помагам на луѓето“, вели Вангеловски, кој сега е уролог во УМБАЛ „Палмед“во Пловдив.
Тој израснал околу брегот на Преспанското Езеро во време кога бугарското малцинство во Албанија сè уште не било признаено. Тогаш Бугарите биле водени како Македонци.
„Кога јас растев не се зборуваше толку за бугарското прашање. Да, имаше луѓе кои доаѓаа да студираат тука благодарение на таквата позадина, но тоа не беше толку потенцирано, не беше државна политика“, споделува Вангеловски. „ Јас сум Бугарин и отсекогаш сум се чувствувал Бугарин“, признава тој.
Тој вели дека кога дошол да студира на бугарски универзитет, лесно го научил јазикот. „Го имаме зборот „пустинак“, кој всушност се користи во северозападна Бугарија. Но има и многу други, на пример, на македонски крак е нога, а во селото каде што е родена мајка ми за „нозе“ се вели „краци“ и никој не може да каже зошто“, вели урологот.
Вангел вели и дека поради тензијата меѓу Софија и Скопје, кога се враќа во Албанија, го избегнува патот низ Северна Македонија: „Поминувам низ Грција затоа што секогаш ме прашуваат дали имам македонски пасош“, вели Вангел.
„Мислам дека имаме многу заедничко и со македонскиот народ. Тоа се братски народи и покрај политичките поделби. Она што се всадува кај самите луѓе е намерно. Не сум сигурен зошто. Но, се надевам дека работите ќе се подобрат“, истакнува тој.
Што се однесува до животот во Албанија, последен пат тамошните Бугари добиле донација од противпожарно возило и амбулантно возило, кои ги немале, помошта не дошла од државата, туку од фондацијата „Бугарска памет“.
