| |

Раст на интересот за СПА туризмот во Бугарија

Интересот за СПА туризмот во Бугарија се зголемил за 15 отсто, соопшти министерка за туризам на Бугарија Ирена Георгиева. „Радосна е тенденцијата дека во последните години желбата да се дојде на СПА туризам во Бугарија порасна за 15 отсто“, изјави таа за Бугарската национална телевизија.

Според Георгиева, раст бележи и културниот туризам, поттикнат од подобрената воздушна поврзаност и од новите пазари. Таа нагласи дека Бугарија не треба да се перцепира како евтина дестинација, туку како вредна за посета, истакнувајќи го добриот сооднос цена-квалитет и разновидната туристичка понуда.

Министерката додаде дека велосипедската трка „Џиро д’Италија“, која традиционално ќе започне во мај годинава, ќе мине низ повеќе бугарски градови, и ќе биде значајна можност за промоција на земјата пред повеќе од 800 милиони гледачи ширум светот.

Слични Објави