Последен поздрав со легендарната бугарска народна пејачка Јанка Рупкина
Пoследното збогување со легендарната бугарска народна пејачка Јанка Рупкина ќе се одржи на Велика сабота во храмот „Св. св. Кирил и Методиј“ во Бургас, јавува БНР. Погребната церемонија ќе започне во 11:00 часот, а во 13:00 часот ќе се одржи опело кое ќе го служи Сливенскиот митрополит на Бугарската православна црква Арсениј.
Иако живеела во Софија, желбата на пејачката била нејзините посмртни останки да бидат положени во родниот крај, од каде што започнал нејзиниот пат кон големата сцена.
Нарекувана „славејот на Странџа“, со својата работа со вокалното трио „Бугарка“ и „Мистеријата на бугарските гласови“, таа останува запаметена како еден од најзначајните амбасадори на бугарскиот фолклор во светот. Јанка Рупкина истражувала и снимила стотици оригинални песни од Странџанскиот регион за БНР и „Балкантон“. „Калиманку Денку“ и „Мари Маро“ се меѓу нејзините најпознати песни.
Во 2012 година, пејачката била одликувана со високото државно признание орден „Св. св. Кирил и Методиј“. Таа е прогласена за почесен граѓанин на Бургас во 2017 година.
