| |

Бугарија, Бугарите… и оние кои нѐ навредуваат

Иван Николов/БГНЕС

Публикација на некаков Англичанец – Едуард Стернс – на неговиот личен профил на Фејсбук, со наслов „Нема по-прост народ од Бугарите“, беше „забележана“ и во бугарскиот интернет-простор.

Во момент кога, според статистиката, во Бугарија се доселиле над 5000 Англичани, доброволно избрале да живеат тука, екзалтирано-болезниот ропот на навреден од нешто нивен сонародник предизвикува соодветни спротивни реакции. И како да не е така! Кој Бугарин би се согласил со оваа небулозна квалификација за нас: „Тие дури и не се народ, туку збир од прости луѓе…“

Не верувам дека ќе се занимававме со оваа бесна возбуденост на честољубието од овој комплексиран господин, ако немавме слични примери и со други, многу поиздигнати во интелектуален и политички поглед познати Англичани. Пропиените со надменост и високомерни остроумици реплики за Бугарите на драматургот-Нобеловец Џорџ Бернард Шо, како и неприкриената непријателска наклонетост кон нашата земја на легендарниот со своите вештини државник Винстон Черчил, цртаат една трајна тенденција, која денеска навлегува како заразна болест и кај маргинални и неурамнотежени обични граѓани на оваа поранешна империја…

Ако некој нè обвини во пристрасност и во неправомерна национална самозаштита, ќе одговориме: „Не, ние се сеќаваме на благородните постапки кон нас на многу други подостојни Англичани, како на пример на браќата Бакстон. Никогаш нема да ја заборавиме и бескомпромисната борба на големиот новинар Џејмс Баучер за време на Првата светска војна при склучувањето на неправедниот Нојски диктат кон Бугарија. Нема ветер што би го избришал од нашата меморија неговото писмо, пропиено со искрена болка, од 1 август 1919 година, до Димитар Станчов, секретар на бугарската делегација на Париската мировна конференција!?“ Еве како започнува тој документ, откривајќи ја садистичката одмаздничка свирепост на победниците во Првата светска војна:

„…Драги ми г-не Станчов,

Не можете да си замислите колку сум вознемирен и згрозен од тоа што се врши по адреса на Бугарија……Јас исто така инсистирам, како за заштита на бугарското население, силите да си ги остават гарнизоните во Македонија, каква и да биде донесената одлука…“

Има и други примери, кои непристрасно ги посочуваат „незабележаните“ добродетели на нашиот народ. Во својата книга „Што му дал Бугаринот на другите народи“, појавена во далечната 1938 г., писателот Стилијан Чилингиров наведува и следен пример: „Еве што пишува Французинот гроф Д’Адиск, кој ја посетил Бугарија во 1933 година, во нашиот весник „Зора“: „Кај нас не ја познаваат вашата земја. ‘Пазете се да не ве убијат таму – ми велеа на тргнување. Чувајте се од колера! Земете си сè што ви треба, бидејќи ништо нема да најдете во Бугарија.’… Еве што мислат за вашата земја во Франција… Вашата земја е една земја со голема духовна култура, високите морални квалитети на вашиот народ му овозможуваат да се надева на една подобра иднина“… Но… заклучува… „Бугарија мора да прави пропаганда за самата себе!“

Тоа е и суштината на проблемот.

Кај нас и денес личности, кои заземаат високи позиции во државата, политиката и општеството продолжуваат да тонат во ситни теми, а нивниот поглед е вперен единствено во центарот на сопствената „значајност“. Каде е тука грижата за образот на нашата држава пред надворешниот свет? И што се презема координирано, едногласно за пропагирање на исконските духовни, морални и етички особености, карактеристични единствено за нашиот народ!?

Кој ги претвора евроатлантските вредности во догма и во потпора за лесна политичка кариера!?

Кој ја користи евроатлантската коњунктура како цел на опозициски напади, кои во најголем број случаи се истрошени клишеа на неостварливи политички и општествени химери!?

Прегледајте ги стенограмите од последните неколку народни собранија и… што ќе откриете? – ситно, самоцелно, исцрпувачко партиско спротивставување.

Долгогодишната криза со водоснабдувањето на бројни градови и села, замрзнатата изградба на автопатите, негрижата кон децениската сага со нереализираниот инфраструктурен проект „Коридор №8“, чие саботирање е стратешка цел на две наши соседни држави, се исто така штрих кон недостатокот на грижа за образот на нашата држава не само пред странство, туку и пред нас самите.

Можеме ли да ги претвориме хулите на разгневениот и комплексиран Англичанец во повод за здраво самокритично вгледување во себе?! Тоа е тест, чие високомерно игнорирање би било отфрлање на незаменлива стратешка духовна инвестиција во утрешниот ден на Бугарија.

Слични Објави