| |

АКО ВЛАСТА ТВРДИ ДЕКА ИМА СИЛНИ БАЗИ НА ПОДАТОЦИ, НЕКА СПРОВЕДЕ ЕЛЕКТРОНСКИ ПОПИС

Престојниот попис на населението, којшто е закажан за април годинава, би можел да се спроведе по електроснки пат со вкрстување на податоците од базите на податоци, коишто во моментов Македонија ги има десет, предложи претседателот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски преку своето гостување во емисијата „Неделен брифинг“ која се емитува на интернет порталот „Инфомакс“.

Овој предлог на Мицкоски доаѓа по некулкуте предлози на ВМРО-ДПМНЕ, кои досега власта ги одби, меѓу кои и набавката на терминали за ткн фингерпринт, кои и онака ќе треба да се набавуваат за престојните локални избори.

„Еве имаме и трета ексклузивна понуда, направете електронски попис. Еве имате, велите, бази на податоци, вкрстете ги, направете електронски попис. Чуму ви се потребни пари да трошите по луѓе, попишувачи кои што ќе дојдат дома, па потоа да имате двоен потпис иако според законот за статистика“, ѝ порача на власта Мицкоски.

Истакна дека добро го прочитал новодонесениот Закон за попис, при што увидел дека актуелниот заменик директор на Заводот за статистика нема никакви ингиренции за да може да има потпис врз резултатите од пописот, истакнуваајќи дека таквиот чин е против Уставен и противзаконски.

„Јас не сум правник, но читав, заменик директорот во Завод за статистика нема буквално никакви ингиренции, а не пак двоен потпис. Незаконско е тоа дело, незаконско и неуставно. Тоа е човекот којшто треба да ги контролира процентите кои што однапред некој ги поставил како коалициски договор, и тоа фрла дамака на целиот процес и создава сомнеж кај граѓаните“, истакна Мицкоски.

И затоа, додаде Мицкоски, е и револтот и недовербата кај определени граѓани, без разлика ан етничката припадност.

Слични Објави