|

ДИК денеска треба да ги утврди кандидатските листи

Државната изборна комисија попладне треба да ги потврди кандидатурите за градоначалници и советничките листи, јавува МРТ.

Жрепката за редоследот е најдоцна на 25-ти септември. До општинските изборни комисии беа поднесени 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 советнички листи. Во трката за градоначалник на Скопје ќе влезат осумнаесет кандидати. Кампањата стартува на 29-ти септември, а првиот круг ќе се одржи на 19-ти октомври.

Слични Објави